Стотици спасувачи се распоредени за да бараат исчезнати лица во централен Тексас, откако во ненадејните поплави загинаа 51 лице, вклучувајќи 15 деца, пренесува Би-би-си. Најпогодена област е округот Кер, каде што загинаа 43 лица, а 27 деца се уште се водат како исчезнати од христијански младински камп лоциран покрај реката Гвадалупе. „Работата продолжува и ќе продолжи сè додека не се пронајдат сите“, вети Лари Леита, шерифот на округот Кер. ...

Централниот дел на Тексас е погоден од катастрофални поплави во кои загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и 15 деца, јавува BBC. Спасувачките екипи до сега спасија 850 лица, и натаму ја пребаруваат реката Гуадалупе и околината во потрага по исчезнати, особено во реонот на округот Кер каде што се води најголем дел од акцијата. Најпогодено е летно кампувалиште „Камп Мистик“, каде што 27 деца, претежно под 12 години, сè уште се водат како исчезнати. ...

Најмалку 51 лице загина откако обилните дождови предизвикаа поплави, а водата излеваше од бреговите на реката Гвадалупе во Тексас, пренесува Скај Њуз. Надојдената вода почна да се шири во округот Кер и другите области околу 4 часот наутро по локално време во петокот, при што загинаа најмалку 43 лица во округот. Ова вклучува најмалку 15 деца и 28 возрасни, а пет деца и 12 возрасни лица чекаат идентификација, изјави шерифот на округот Кер, Лари ...