Цел живот плаќал придонеси за оваа држава да го остави човекот кога му е најпотребно, со пукната аорта да почине бидејќи Државна кардиохирургија се реновирала, а во Филип Втори немало термини кои ги покрива Фондот, односно била пополнета државната квота. Во продолжение пренесуваме потресно сведоштво на човек чиј пријател почина поради негрижата на македонските институции. – Па дали е ова нормално ви се молам да го споделиме овој пост секој да ...

Министерот за здравство Арбен Таравари му наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши увид во документацијата на 59-годишниот пациент Тони Ангелковски, кој почина со пукната аорта чекајќи операција на државната Кардиохирургија, информираат од Министерството. „По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде ...

“Па дали е ова нормално?” – ова прашање го постави Ацо Николовски на својата Фејсбук страница, објавувајќи потресна приказна за немилосрдниот третман кој го доживеал негов близок. Според неговата објава, вчера на неговиот роднина му пукнала аортата и бил однесен во државната кардиохирургија, но таму се соочил со трагична и шокантна реалност. „Сите сали за операција наводно се реновираат“, вели Николовски, додавајќи дека пациентот бил препратен ...