Фудбалерите на АП Брера денеска на домашен терен со нов тренер во името на младиот македонски стратег Мартин Алаѓозовски ќе го пречека Шкупи во меч на двата тима кои се уште немаат победа во новата сезона во ПМФЛ. Шкупи има проблеми откако во првите натпревари мораше да игра со младинци, а мечот со Силекс го изгуби службено бидејќи стадионот во Чаир не исполнуваше услови за ВАР системот. Од друга страна и АП Брера се мачи на почетокот на ...
Откако Шкендија и Вардар вчера го отворија колото со минимални победи на домашен терен, денеска повторно се играат два меча во ПМФЛ во кои домаќините важат за фаворити на хартија. Силекс кој има максимални 12 бода по првите четири меча и гол-разлика 12-0, со победа против Работнички би се вратил на прво место. Работнички уште нема победа, а уште нема постигнато ни еден гол во трите средби кои ги одигра, но има нов тренер, доведоа две нови имиња, ...
Денеска се играат два натпревари од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во Кратово Работнички му гостува на Силекс, во Струмица Брера го пречекува Шкупи. Работнички ќе има тешка задача да го поправи тенкото бодовно салдо бидејќи му гостува на Силекс кој по четири одиграни меча е перфектен, има исто толку победи и е единствениот тим без примен гол. „На секој натпревар излегуваме на терен да дадеме се од себе и да победиме. ...