Игор Тудор се соочува со голем проблем во пресрет на дербито против лидерот Милан откако Бразилецот Бремер отпадна од комбинација за настап на оваа средба. Бремер е предводник на одбраната на Јуве од стартот на сезонава откако претходно отсуствуваше со месеци по тешката повреда на коленото. Тој пред неколку дена се пожали на нова повреда, лекарите сторија се за да го оспособат, но дефанзивецот ја загуби трката со времето и воопшто не се најде на ...
Екипите на Милан и Јувентус ремизираа 0:0 во вечерашниот дерби натпревар од италијанската Серија А. Иако фудбалерите на Милан ја контролираа играта и редеа шанси пред голот на противникот, натпреварот заврши без голови. Милан беше далеку подобар ривал упатувајќи 13 удари кон голот на противникот, но ниту еден не заврши во мрежата на домаќините. Дури и „росонерите“ не искористија пенал во 53-тата минута преку Кристијан Пулишиќ. Со ова реми Милан ...
Јувентус и Милан ќе го затворат шестото коло во италијанската Серија А и тоа со мечот кој е закажана за вечерва во терминот од 20:45 часот. Ова е дуел кој е интересен поради повеќе причини и токму поради тоа со нетрпение го очекуваат навивачите на двете екипи, но и неутралните фанови. Фабио Капело беше играч и тренер како на „бјанконерите“ така и на „росонерите“, па со своја анализа за јаките и слабите страни го најави дербито во Торино. -Како ...