Србија вчера одбележа 10 месеци од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки кои беа одржани во неколку градови во Србија. Средношколци и студенти организираа собири кои во повеќето градови поминаа мирно, со неколкуминутен молк. Во Белград, прошетката заврши на Плоштадот на Републиката со 16-минутен молк. Во Нови Сад, по комеморативната прошетка на неколку илјади граѓани, ...
Новосадската полиција тврди дека во доцните вечерни часови во понеделник навечер „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование (ФСФ) со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“, пишува Н1. „Дел од толпата беа маскирани, а за време на настанот беа упатени груби навреди и пцовки ...
Српската полиција употреби шок бомби и палки за да ги растера насобраните граѓани во Нови Сад, откако неколку стотици луѓе, по комеморацијата на железничката станица, се упатија кон универзитетскиот кампус, јавува агенцијата Бета. Илјадници луѓе од Нови Сад се собраа претходно за да одбележат десет месеци од трагедијата на станицата во која животот го загубија 16 лица. По оддавањето почит, голем број граѓани се одзваа на повикот на студентите ...