Лука Дончиќ како противник го имаше првиот настап на паркетот во „Американ ерлајнс центарот“ во Далас, облечен во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Ова се случи само два месеци по изненадувачкиот трејд кој го шокираше кошаркарскиот свет кога Маверикс го пуштија Дончиќ во Лејкерси во замена за Ентони Дејвис. Секое седиште во салата беше исполнето со бела маичка со натпис на словенечки: „Ти благодариме за сè“. Многу фанови го носеа дресот на Дончиќ ...

Лука Дончиќ имаше емотивно враќање во Далас, проследено со солзи во моментите кога публиката скандираше „Лука МВП“. Од публиката можеше да се слушне и „избркајте го Ник“, што се однесуваше на генералниот менаџер на Далас, кого навивачите го сметаат за најголемиот виновник за заминувањето на Лука Дончиќ. Сепак, кога започна мечот, Дончиќ како да беше дополнително мотивиран, па 45 поени сам го победи Далас и донесе победа од 97-112 за Лос Анџелес ...

Лука Дончиќ за прв пат играше во Далас против Маверикс, клубот во кој се прослави, каде беше суперѕвезда и во кој мина пет и пол години, а потоа шокантно беше трејдуван во Лејкерси. Сето ова се случи на две години пред истекот на неговиот договор. Дончиќ сега се врати во Далас. Тој прво заплака додека го гледаше видеото што Мавс го направија во негова чест, а потоа ги потсети сите кого точно отпишаа. Тој за 38 минути постигна 45 поени во ...