Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со победа го стартуваше новиот квалификациски циклус за Евробаскет 2027 откако „црвено-жолтите“ по голема битка славеа над Данска со резултат 79-78. Гледачите во СРЦ „Кале“ можеа да проследат неизвесен меч до самиот крај, во кој македонските кошаркарки по голема борба стигнаа до посакуваниот триумф. Македонија имаше водство од 18-13 пред крајот на првата четвртина, но гостинките го завршија овој ...
Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минимална над Данска со 79:78. Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ . Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика (18:13), но им дозволија на гостинките од Данска со серија од (8-0) да го преземат ...
Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20). Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на ...

