Парите коишто семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани ги добиваат како донација немаат обврска да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП) и за нив да платат данок на личен доход. Не се оданочуваат ниту износите кои граѓаните ги уплатуваат како донација во Црвениот крст или директно на сметките на семејствата, велат од Управата за јавни приходи, откако во јавноста се прошири информација дека за донираните пари семејствата и ...

Во рамки на апелот на Црвениот крст на Република Северна Македонија за помош на настраданите од трагичниот пожар во Кочани, заклучно со 17 април 2025 година, се собрани вкупно 128.011.651 денар. Како што информираат од Црвениот крст, денеска е извршен трансфер на финансиски средства кон 62 семејства на починатите лица, со што досега се исплатени вкупно 86.100.000 денари на семејствата погодени од трагедијата. Организацијата посочува дека, заедно ...

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе донираат финансиска помош од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“. Средствата ќе бидат искористени за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените во страшниот пожар во Кочани минатиот месец. „Како продолжени промотори на принципите на општествена и корпоративна одговорност, овие три ...