Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер забележаа нов пораз сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва во 5. коло на домашен терен беа поразени од моќната Барселона со 30-34. Каталонците го освоија пленот, но натпреварот дефинитивно го одбележа неверојатниот погодок на Дејан Манасков. Митревски ја фрли топката во контра, а поранешниот репрезентативец на Македонија во негов стил на атрактивен начин успеа да го матира противничкиот ...
Пелистер беше рамноправен во воведниот дел од натпреварот, но како одминуваше времето Барселона ја зголемуваше предноста. На одморот се замина со водство за каталонскиот гигант од 17-13. Во вториот дел Барселона имаше и седум голови предност, но Пелистер заигра подобро во завршницата и намали на четири голови разлика, конечниот резултат гласеше 34-30. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дејан Манасков со седум голови, додека Никола ...
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, забележа пораз од Барселона, но доби две „засилувања“ во нападот. Во битолската сала шпанскиот гигант рутински ја заврши својата задача и дојде до третата овосезонска победа, додека „зелено-белите“ го впишаа четвртиот пораз. Но, овој пораз беше многу поразличен од претходните. Не само што беше од Барселона и не боли толку, туку и поради фактот што битолчани го видоа она што го очекуваа од двете ...