Скопје/Охрид, 26. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на СДСМ, д-р Венко Филипче, неодамна соопшти дел од кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во втората половина на годинава. Тој најави дека за брзо ќе ги соопштат имињата на останатите кандидати за градоначалници. Охрид останува во оваа група, а во меѓувреме продолжува лицитацијата со имињата на партиски и непартиски лица, предлози од бизнис групации и поединци, ...

На партиски собир во Гостивар, лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари обзнани дека Валбон Лимани е официјален кандидат на партијата за градоначалник на Гостивар. „Ви кажувам од тука – Валбон Лимани е кандидатот. Тој ќе биде новиот градоначалник на Гостивар“, изјави Таравари. На истиот собир, тој јавно ги предизвика двајца од неговите поранешни соработници, министрите Азир Алиу и Арбен Фетаи, поканувајќи ги да се ...