Кандидатот за Скопје Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има 34.734 гласови, а Амар Мециновиќ од Левица 16.835, покажуваат првите неофицијални резултати споделени од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Во Аеродром Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ има 4.130 гласа, а неговиот противкандидат Александар Трајановски од СДСМ има 1.560. Во Пробиштип разликата ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ е 332 наспроти 174. Во Кочани 1.754 за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 891 за независниот кандидат Венко ...
Добивај вести на Viber Фолк пејачот Спасен Силјановски објави видео од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Таму веќе наголемо се слави победата на Александар Јовановски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски води во изборната трка за градоначалник на Кичево пред неговиот противкандидат од НАИ Фатмир Дехари. Според податоците на ДИК од преброени 72,83 отсто од гласачките ливчиња, за Јовановски гласале 10 760 кичевчани (53,81%), а за Дехари 8 597 ...
Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53.171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27.294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 29,86 отсто. ...

