Судот утврди вина за загадување и опасност по здравјето Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која тројца обвинети се прогласени за виновни, откако признале дека незаконски собирале и складирале отпад, со што предизвикале пожар на поранешната депонија Вардариште. Според судот, тие создавале депонии спротивно на прописите, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот. Сите тројца добија ...

Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква ...