По повод падот на азербејџанскиот патнички авион кој беше на пат кон главниот град на Чеченија, денеска се огласија руските власти. „Ембраер Е190АР, кој се урна во близина на Актау, не можеше да слета во Чеченија поради густата магла и нападите на украинските терористички беспилотни летала“, изјави Дмитриј Јадров, шеф на руската Федерална агенција за воздушен транспорт. Тој додаде дека азербејџанскиот патнички авион, кој се урна во Казахстан, ...
Најмладата жртва на несреќата е тригодишно момче, според списокот на патници што го виделе локалните медиуми. Петмина од загинатите во несреќата се деца помлади од 10 години. Најстариот бил маж на возраст од 78 години. -Јато птици го „покри небото на пистата“ пред несреќата, изјави вработен од аеродромот за локалните медиуми. „Сите вработени рекоа дека е прв пат да видат толку многу птици. Тие одеднаш долетаа надвор од аеродромот. Ова обично не ...
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека има „рани индиции“ дека Русија може да биде одговорна за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион над Казахстан, кој наводно бил соборен од руска ракета за противвоздушна одбрана, пренесува Би-би-си. Авионот бил цел на руските системи за противвоздушна одбрана додека се обидувал да слета во Чеченија, но бил пренасочен кон Казахстан, каде што се случила несреќата. Азербејџанските власти ...