Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со остар и решителен тон реагираше на инцидентите што се случија на натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими во рамките на 28. коло од Втората македонска фудбалска лига. Од федерацијата изразија длабока загриженост и огорченост од сцените што се одиграа на теренот, оценувајќи ги како „срамни и неприфатливи“. „Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет“, порачуваат од ФФМ, ...

Нова „местенка“ во македонската фудбалска лига го тресе регионот откако беше забележано такво сценарио на првенствениот дуел меѓу Кожуф и Башкими, меч во рамките на 28. коло во Втората лига, односно две кола пред крајот на сезоната. Кумановци славеа со 2:1 во судиското продолжение и дојдоа до победата, која им е од огромно значење во борбата за директен пласман во Првата лига. Сепак, начинот на кој го остварија тоа ја крена спортската јавност во ...

Од ФФМ најавија дека ќе бидат преземени мерки откако ќе ги добијат извештаите од официјалните лица на натпреварот. Тие ветуваат дека нема никој да биде заштитен. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда ...