Реал Мадрид претрпе нов тежок пораз, овој пат во шпанското првенство од страна на Селта која славеше во „кралскиот“ дом со 0-2. Овој пораз дополнително го „разниша“ столчето на тренерот Чаби Алонсо и го разбесни раководството на славниот шпански клуб кој сега му врачил ултиматум на младиот стратег. Реал Мадрид не е познат по промените на тренерите сред сезони, но овој пат тоа би можело да биде исклучок со оглед на неискуството на тренерот кој се ...
Реал Мадрид е во криза, како резултатска така и играчка. Кралскиот клуб, кој има само една победа во последните пет меча, се соочува со голем број повредени фудбалери и пред голем предизвик, а тоа е дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампионите. На листата на повредени играчи кај Реал се: Алаба, Милитао, Менди, Александер-Арнолд, Хујсен, Карвахал и Камавинга. Во составот има само двајца здрави централни дефанзивци и ниту еден класичен ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, денес во Мадрид изјави дека е уверен дека неговиот тим може да го победи Манчестер Сити во шестото коло од Лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе биде домаќин на Манчестер Сити утре во 21 часот во шестото коло од Лигата на шампионите. „Ќе биде голем натпревар. Тоа е одлична можност за нас да освоиме бодови во Лигата на шампионите. Играчите знаат каков натпревар нè очекува. Психички сме подготвени да се ...
Иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е под сериозен знак прашалник, пишуваат шпанските весници. Мадридскиот клуб наводно му поставил услов на Алонсо со кој ќе може да си ја задржи работата на кормилото. Според „Ел Мундо“, судбината на Чаби Алонсо ќе биде решена по натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Доколку Реал Мадрид загуби, шпанскиот тренер сигурно ќе биде отпуштен. Одлуката ја донел управниот одбор ...

