Преостануваат уште два дена до првиот дуел на тимот на Вардар во Европа ова лето. Првиот од двата дуели против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, противникот во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Ова за освојувачот на Купот на Македонија ќе биде прв европски предизвик по оној во сезоната 2018/19 година кога Вардар загуби од ерменски Пјуник. А, претходно, во годините на оние долги вардарови фудбалски лета, паметиме голема ...
Вечерва актуелниот освојувач на Купот на Македонија, најтрофејниот македонски фудбалски колектив ФК Вардар го игра првиот од двата меча од првото квалификациско коло од Конференциската лига против претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита. Ова е првиот европски излет на Вардар по неколку години, „црвено – црниот“ табор испишува нова страница од својата историја. На чело со тренерот Гоце Седлоски кој што повторно е на чело на тимот. Беше и во 2015 ...
ФК Вардар важи за апсолутен фаворит за место во следната рунда во третото натпреварување на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски даде коментар за претстојниот дуел во на кој домаќинот атакува на победа. „Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се ...
Вардар се враќа на европската сцена. Актуелниот Куп-освојувач се најде во првото коло од Конференциската лига на УЕФА, а таму црвено-црните ги чека двомеч со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. Коефициентот е на страната на гостинот, но Вардар важи за апсолутен фаворит за место во следната рунда во третото натпреварување на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски даде коментар за претстојниот дуел во Скопје, на кој домаќинот атакува на победа. ...