ФИБА направи нова ранкинг листа пред стартот на осминафиналните битки на Европското првенство. Србија повеќе не е на првото место во поредокот од 10 репрезентации. На врвот се најде Германија која заврши со перфектен скор во групната фаза и во Рига се очекува да продолжи во ист ритам, таму ќе се сретне со Португалија. На второто место е Турција која доби четири бода, а ФИБА потенцира: Ве предупредивме за овие момци. Оваа селекција ќе игра ...
ФИБА, по завршувањето на групната фаза на Евробаскетот, го објави новиот поредок на фаворити за титулата. Србија, која пред почетокот на турнирот важеше за главен фаворит, падна на третото место, а пред неа се најдоа Германија, која беше втор фаворит, и Турција, која ја совлада Србија во групната фаза и напредуваше за четири позиции во однос на стартот. Грција и Франција го заокружуваат Топ 5. Осминафиналето стартува денеска во Рига со дуелот ...
Репрезентацијата на Србија влезе во овој европски шампионат како огромен фаворит за првото место, но нашиот северен сосед во меѓувреме се соочи со сериозни проблеми, пред се со повредени играчи што придонесе да го загуби дуелот со Турција што беше клучен за прво место во групата (и нешто полесен распоред во нокаут фазата). ФИБА денеска го објави последното рангирање на селекциите пред нокаут фазата од ЕП 2025, на кое Србија веќе не се наоѓа на ...