Струга ТЛ се врати на врвот на прволигашката табела продолжувајќи ја трката со Вардар откако стружани попладнево лесно и убедливо славеа над Арсими со 4-0. Домаќините имаа поништен гол со ВАР во раната фаза од мечот, но тоа не ги исфрли од ритам, напротив екс-шампионот продолжи да доминира и до крајот на полувремето успеа да поведе преку Радески. Капитенот Шабани го одбележа второто полувреме со два гола носејќи водство од 3-0, за конечните 4-0 ...
Саботната попладневна програма во Првата македонска фудаблска лига донесе два натпревари, а на двата видовме победи на домашните екипи во Струга и Куманово. Струга Трим и Лум имаше убедливо издание и врза трета победа во низа, со тоа што денеска ја наполни мрежата на Арсими кој прими четири погодоци. Радески ја отвори серијата во првото полувреме и најави мирно попладне за фаворитот, додека во вториот дел беа постигнати уште три погодоци, два на ...
Башкими го победи Работнички со 2-1 во натпреварот од 13.коло во Првата фудбалска лига. По еден погодок во двете полувремиња беше доволен за кумановци да стигнат до трите бода и сега имаат вкупно 22 бода на своето салдо, што во моментот им го носи и петтото место на табелата. Стрелци за Башкими беа Абдулхади Јахја во 41.минута и Емануел Аворнио во 63.минута. Погодокот за Работнички беше дело на Дитмир Хоџа во 87.минута од дуелот. Првата закана ...

