Баерн Минхен со два гола на Луис Дијас води со 2-0 по првото полувреме на гостувањето кај ПСЖ во едно од двете големи дербија вечерва во Лигата на шампионите. Баварците продолжуваат да газат, тие се единствен тим во Европа кој ги има добиено сите официјални мечеви кои ги одигра сезонава, а на добар пат се да го совладаат и актуелниот европски првак и тоа на негов стадион. ПСЖ даде еден гол при 0-1, но беше поништен по прегледување на снимка. ...

Екипата на Баерн Минхен стигна до уште една победа во Лигата на шампионите, и сега со четири победи заедно со Арсенал се на првото место на табелата. „Баварците“ имаат 16 победи од исто толку натпревари во оваа одлична сезона. Баерн Минхен дојде во предност уште во 4. минута со голот на Луис Диаз. По една супер акција, најпрво се обиде Олисе, одбрани Шевалие, но одбиената топка дојде до Диаз, кој ја спроведе топката во голот на домаќините. Потоа ...

Екипата на Баерн Минхен се избори за победа во еден од дерби-натпреварите во Лигата на шампионите, славејќи со конечни 1-2 (0-2) на гостувањето кај актуелниот европски шампион, ПСЖ. Централно внимание на теренот имаше Колубмиецот Луис Диаз, кој беше двоен стрелец за гостите, но потоа беше исклучен поради остар прекршок. Гостите од Германија го започнаа мечот со пеколно темпо, играа висок пресинг на противничката половина, додека ПСЖ се мачеше да ...