Се стабилизира здравствената состојба на повредените во страотниот пожар во кочанската дискотека. Тројца пациенти заминале на домашно лекување, а уште тројца се подготвуваат да ги напуштат болниците. Кризниот штаб донесе одлука на сите повредени, пред да бидат испишани да им се прават токсиколошки анализи. Се подобрува состојбата и на покритичните пациенти кои се лекуваат во други држави – од 20, сега 10 се во потешка состојба, но надвор од ...

Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти од „дискотеката на смртта“, дел од нив пуштени на домашно лекување Се подобрува состојбата на повредените од „дискотеката на смртта“. Во Скопје моментално се лекуваат 54 пациенти, откако вчера 10 лица беа пуштени на домашно лекување. Според последните информации: Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека сите што се во домашно лекување се во релативно добра состојба и најави дека во ...

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот. Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените ...