Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 1 денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на бензинот од типот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 80 денари за литар, „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава за 82 денари, дизелот за 74, а нафтата за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова цена на мазутот, кој од утре поевтинува за 1 денар, додека другите горива остануваат со непроменета цена. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ останува непромената – 82 денари по литар. Останува иста цената на ЕУРОСУПЕР 95 кој ќе се продава по цена од 80 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто така останува иста и ќе се продава по 74 денари по литар. Екстралесното масло за домаќинство останува по стара цена ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 10.02.2025 година. Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ...