Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило.Ние сме гласот на патот на Арбр, а тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети. Тоа го порача денеска Арбен Фетаи, вицепремиер за политики на добро владеење од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Тараври кој претходно се повлече од владината коалиција. - Драги пријатели, симпатизери и вие, ...

Претседателот на Алијанса за албанците, Арбен Таравари, упати критички пораки до членовите на својата партија кои го напуштија во текот на преминот кон опозиција. Повикувајќи се на некои од нив кои тврдат дека го следат патот на Арбен Џафери, Таравари напиша: “Патот на Арбен Џафери не минува низ Влада што те нарекува 20%. Патот на Промената не минува преку закани со затвори за Албанците! Патот на Промената не минува преку продажба на пратеничко ...

Елфете Исмаили од АА – Таравари соопшти дека поднела оставка од функцијата заменик-министерка за одбрана. Исмаили му се заблагодари на премиерот Мицкоски и на Таравари за укажаната можност. Оваа оставка следи по излегувањето на АА од Владата. Оставка како што е познато поднесе и Таравари од функцијата министер за здравство, а констатирањето треба да се случи утре во Собранието. Но, кој ќе биде новиот министер на негово место? Веќе е познато дека ...