Легендарниот шпански ракометен стратег Чави Пасквал денеска беше претставен како нов селектор на Египет. Тој доаѓа на селекторското место на Египќаните, без да ја откаже својата клупска работа. Имено, Пасквал ќе остане да биде тренер на унгарскиот Веспрем. Пасквал ја презема селекторската позиција кај „фараоните“ од Хуан Карлос Пастор со мисија да го води националниот тим на Египет во циклусот на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. ...

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и официјално е назначен за нов тренер на турскиот суперлигаш Тофаш. Тофаш во оваа сезона успеа да се пласира во плеј-офот, но не ја мина првата пречка. По заминувањето од московска ЦСКА, Рајковиќ беше без ангажман, и сега се враќа на клупата во земја во која не бил никогаш. Работеше во клубови од Казахстан, Полска и Русија, а имаше и домашни ангажмани на почетокот на тренерската кариера, како тренер ...

Египетската ракометна федерација официјално потврди дека Чави Пасквал ќе биде нов селектор на сениорската репрезентација. Шпанскиот стратег на клупата го менува сонародникот Хуан Карлос Пастор. Од новиот селектор се очекуваат добри резултати на Олимписките игри во Соединетите Американски Држави. Се работи за исклучително искусен тренер, кој ја водеше Барселона до неколку титули во домшното првенство и во Лигата на шампионите. Тој е предводник и ...