Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години, соработката на оваа битолска компанија со РЕК почнува во 2012 година, кога го заработува првиот милион. Проверката на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Марковски компани го добила првиот голем тендер од РЕК за санација на свлечишта во рудникот Суводол од над 60 милиони денари, односно ...

Судот му го замени куќниот притвор со ефективен притвор на газдата на “Марковски компани”, кој се сомничи заедно со неговата фирма за злоупотреба на јавни набавки во РЕК Битола. Откако Јавното обвинителство се жалеше на одлуката на судот за куќен притвор, поради можно бегство на Борче Марковски, одлуката беше преиначена. Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот ...

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го преиначил решението на судијата на претходна постапка по жалбата на ЈО заради ризиците од бегство, и на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, му определи мерка затворски притвор во траење од 30 дена, објавија неколку медиуми. Со претходната судска одлука се предвидуваше двајца од осумтемина осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ во 2023 ...