Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше сам во историјата на најголемите турнири во спортот кога зачекори на теренот на „Род Лејвер Арена“ за натпреварот од второто коло на Австралија Опен. Дуелот против Хаиме Фарија е негов вкупно 430-ти на Грен слем турнирите и сега никој не е пред него. Пред пресметката со Португалецот беше израмнет со Роџер Федерер (429), но сега пред себе го остави и Швајцарецот. Да потсетиме, Новак дебитираше на еден од ...
– Новак Ѓоковиќ го коментираше соборувањето на рекордот по број на натпревари на Грен слем. – Секогаш се трудам да дадам се од себе. Над 20 години играм Грен слем на највисоко ниво. Без разлика дали ќе победам или загубам, срцето и душата ги оставам на теренот. Грен слемовите се основата на нашиот спорт, тие се најважното нешто. Ова е историјата на тенисот, токму тие ги мотивираат и најмалите деца. Моето прво сеќавање на тенисот како дете е ...
Маестралниот Никола Јокиќ ќе го памети денешниот натпревар од НБА лигата по неверојатниот рекорд со кој го сруши достигнувањето на големиот Лери Брд. Јокиќ стана играчот кој најбрзо во историјата на НБА стигнал до 15.000 поени, 7.500 скока и 5.000 асистенции. Тоа го направи предводејќи го својот Денвер на гостувањето кај Далас, во кој гостинскиот тим победи убедливо со 118:99. На Јокиќ за овој подвиг му беа потребни само 709 натпревари во НБА, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми со 3:1 го совлада Португалецот Жаиме Фариа и се пласираше во осминафиналето на Австралија опен. Во исто време, направи историски подвиг. Ѓоковиќ победи со 6:1, 6:7, 6:3 и 6:2 за точно 3 часа игра. На српскиот тенисер не му беше лесно, но одлично се снајде во три од четирите сета и сосема заслужено избори пласман меѓу најдобрите 32 тенисера на првиот Грен слем турнир во сезоната. Моментално ...