Нашата најдобра фудбалска репрезентација, денеска од 15 часот на “Рајнпарк“ стадионот во Вадуц ќе отвори уште еден квалификациски циклус за СП. И гостуваме на селекцијата на Лихтенштајн во меч од 1.коло во групата – Ј, му гостуваме на нашиот муштерија против кого имаме 10 победи во вкупно единаесет меѓусебни средби досега. Во траорна атмосфера во државата, поради настаните во Кочани, посакуваме победа. Тоа вчера го кажаа и селекторот Благоја ...

Македонија дојде до победа на гостински терен кај Лихтенштајн (0-3) и така ја продолжи добрата серија со која продолжи да урива рекорди. Столе Димитриевски шести натпревар по ред не прими гол, па така преку 600 минути е со „чиста мрежа“, што е апсолутен рекорд во сите конкуренции. Победата над Лихтенштајн беше седми меч без пораз во низа, што е исто така уште еден рекорд, како и шестата победа во низа на Македонија во сите натпреварувања. Следен ...

Победничка Македонија. И во Вадуц Македонија покажа достоинство. Секоја чест за Македонија. Во атмосфера на која не сме навикнале, и никогаш да не се повтори, Македонија одигра и за оние 59 жртви од страшната трагедија во Кочани. Овој денешен успех, оваа денешна победа од 3:0 на гости кај Лихтенштајн, момците на селекторот Благоја Милевски им ја посветиа на тие загубени млади животи. Инаку ова беше шестата победа на Македонија во низа, и тоа ...

Македонската фудбалска репрезентација е во мисија да продолжи две рекордни серии. Во повеќе од тридецениската историја на нашата селекција, ова е прв пат да имаме пет победи по реди и во сите тие пет победи, да немаме примено ниту еден гол. Денеска гостуваме кај Лихтенштајн, противник против кој реално и може да очекуваме двете низи за продолжат. Во претходните пет меча, Македонија ги победуваше фарски острови (1:0 дома), Летонија (1:0 дома и ...