Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар продолжува да ги исплаќа долговите кои беа натрупани во изминативе неколку години. Со исплаќањето на долговите, продолжува деблокадата на сметката на клубот, која беше „заробена“ во последните осум години. Претседателот на Вардар Миленко Неделковски брифираше кои се долгувања се регулирани денеска, но тој изрази и незадоволство од сите оние кои добиле пари од Вардар. „Клубот сериозно се впушти ...
На синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, членовите разговараа за актуелните состојби во земјата по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица. Членовите оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење и изразија сочувство со семејствата. Заклучокот на Централниот одбор е дека истрагата до сега се води селективно, насочена само кон поранешни функционери и службеници, додека актуелните функционери, кои биле на функции во моментот ...
Саемот на мебел 2025 е настан што традиционално привлекува голем интерес, а годинава, под слоганот „Инспирација за секој дом“, подготвуваме уште побогато искуство за сите љубители на дизајнот, ентериерот и мебелот, вели извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска. Како што истакнува Глигоровска, од денеска до 30 март, во комплексот „Борис Трајковски“ посетителите ќе имаат можност да ги откријат најновите трендови, да уживаат во ...
Вонредна седница денес беше одржана и од страна на Советот на Oпштина Струга, со една точка на дневен ред за определување финансиска поддршка за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани. На седницата едногласно беше донесена одлуката за доделување на финансиска помош од 1 милион денари за жртвите од трагедијата во Кочани, информираат од Општина Струга. Седницата започна со еден минутен молк во чест на жртвите од ...