Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат ...
„Расправата повторно го потврди она на кое со години укажуваат граѓанските организации, институционалниот систем на заштита, контрола и одговорност е суштински нефункционален. Трагедијата во која загинаа 63 лица не е резултат само на индивидуални пропусти, туку таа е директна последица на децениска институционална незаинтересираност, избегнување одговорност и отсуство на вистинска политичка волја за реформа. Иако Собранието има уставна и ...
Денеска стоиме овде за да смениме нешто во оваа држава. Бараме само правда, но вистинска правда за нашите деца и за генерациите кои ќе дојдат после нас, порачаа денеска пред Анкетната комисија родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. Тие се пожалија дека со нив се манипулира и дека се уште не ги добиле одговорите на, како што истакнаа, клучните прашања. -Не сме тука за некој да манипулира со нас. За мене ова претставува злосторничко ...

