Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска за време на неговата посета на Бејрут повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах. „Гледаме само еден можен начин напред, итен прекин на огнот и целосна имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН“, рече Борел по состанокот со претседателот на либанскиот парламент, Набих Беруи, кој преговара во име ...

Неколку часа откако стапи во сила привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, војската на Тел Авив отвори оган во пограничните села на Либан врз автомобили кои се приближиле кон забранетата зона. Либанските медими пишуваат дека повратниците ги игнорираат наредбите и брзаат да се вратат во областите каде што се уште се присутни израелските трупи. „Јас сум од југот. Истрчав штом го објавија прекинот на огнот на патот кон дома. Тоа е ...

Прекинот на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах со седиште во Либан стапи на сила рано денес, со што прекинаа борбите за кои американските и француските лидери рекоа дека може да создаде пат кон ново примирје во појасот Газа. Како што стапи на сила прекинот на огнот, имаше редици автомобили кои се движеа кон јужен Либан, каде повеќемесечните засилени борби и израелските наредби за евакуација ги принудија луѓето да ги напуштат своите ...