Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Спировски е нов член на екипата на Пелистер. Искусниот играч за врска неодамна ја заврши приказната со Струга Трим Љум и како слободен играч се врати во родната Битола, клубот во кој ја започна кариерата. Стефан е играч со големо искуство на домашната и меѓународната сцена и дефинитивно ќе биде меѓу најважните фудбалери на „зелено-белите“ во новата сезона. Воедно Пелистер денеска ги започна ...

Екипата на Брера во својот дом ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Струмичкиот тим и во новиот шампионат ќе биде предводен од Панче Стојанов, тренер кој на чело на првиот тим седна кон средината на пролетниот дел од минатата сезона. Фудбалерите и стручниот штаб денеска го имаа првиот собир, а потоа беше одржан и полесен тренинг. Летово неколку фудбалери ја напуштија Брера, Купанов откако не ...

Струмичка Брера денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Екипата под водство на тренерот Панче Стојанов го одржа првиот тренинг и најави засилени подготовки очекувајќи ја новата сезона на домашната сцена. Стојанов се приклучи во Брера во април годинава, а сега доби задача да ја продолжи својата работа со тимот и во новата натпреварувачка сезона. Првата етапа од подготовките Брера ќе ја има во својата база во Струмица, по што вториот ...

Пелистер продолжува со потезите и градањето на екипа за натпреварувачката 2025/2026, екипа од која ќе биде дел и Вилдан Керим. Керим од 2024 година е дел од „зелено-белите“ и ќе продолжи да биде најмалку до 2026 година. Во претходната сезона одигра 27 натпревари, постигна два гола и запиша три асистенции. Клубот од Битола досега ги продолжи договорите со неколку играчи како Александар Ристевски, Јорданчо Наумоски, левиот бек Филип Миленковски, ...