Она што радува е што сегашните трансфери кои ги правиме во странство не се во насока на пациенти кои се критични и интубирани, туку сега правиме тријажа на пациенти спрема степенот и опсегот на изгореници. Оние кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници да се префрлат во референтни центри кои се строго специјализирани за третман на ваков вид повреди, рече денеска директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, д-р ...
Досега се собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст. Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот. Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа. © 2020 Телевизија ...
Анестезиологот Гордан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивна терапија на Воено-медицинската академија изјави утрово дека системот на военото здравство и ВМА стои на располагање за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочаните, во Македонија, ако за тоа има потреба. „И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги се пријавија доброволно, доброволно учествуваа во транспортот, што е еден од најтешките видови ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите со поголем степен на изгореници се високоспецифични и бараат специфично искуство и затоа се решиле да се праќаат пациенти во странство. „На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете. Веќе сме во контакт со фондација од Холандија, која има банка на кожни ...