„Нашите тимови сега се вратија во своите соби додека работиме на некои од предлозите што ни беа понудени, па затоа работиме на тоа да направиме некои промени, некои прилагодувања, со надеж дека дополнително ќе ги стесниме разликите“, рече Рубио. Пред состаноците со Рубио, врвните европски и украински претставници се состанаа во Женева денеска. Предходно, шефот на кабинетот на Зеленски, Андреј Јермак напиша на социјалните мрежи дека делегацијата ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека денешниот состанок во Женева веројатно бил најпродуктивниот и најзначајниот досега во овој мировен процес. Тој најави дека разговорите ќе продолжат во наредните денови. На кратка прес-конференција, на која присуствуваше и шефот на украинскиот преговарачки тим Андриј Јермак, Рубио рече дека во моментот нема да биде овозможено поставување прашања, но дека вечерва ќе се обрати уште еднаш до ...
Во Женева завршија преговорите меѓу високо рангирана американска делегација и претставници на Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека денешните состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега. По овие разговори, Рубио изјави дека американскиот тим работи на „одредени измени“ ...

