Со 88 гласа „за“ и 22 „против“ околу 2:30 часот по полноќ беа изгласани измените на Законот за државна управа, со кои се прави реорганизација на министерствата. Сега, бројот на министерства ќе биде за 4 поголем, односно во земјава ќе има 20 министерства. Со новиот закон ќе се формираат Министерство за спорт, Министерство за европски прашања, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за јавна администрација, а ...

Прекројувањето на дел од министерствата – за ВМРО-ДПМНЕ е прв чекор кон трансформација на Македонија. Според нив, усвојувањето на законските измени ќе резултира со поефикасни и потранспарентни институции, а истовремено, како што велат – ДУИ нема да биде во позиција да условува. За законското решение кое дојде на предлог на Мицкоски, рано изутринава гласаа 88 пратеници. Освен идните коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, идејата за ...

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ...