Со огромна радост и нетрпение го пречекаа првиот ден на училиште. Без никаков проблем станале рано да ги запознаат своите наставнички и нови другарчиња, Знаења кои ќе им отворат нови видици низ лавиринтите на животот и пријателства кои може да траат цел живот. Во придружба на своите родители, баби и дедовци го проследија интонирањето на химната и музичката програма во нивна чест. Дел од нив знаат дека има многу нешта да се научат и на некои од ...

Општините со напори во основните училишта да се запишат повеќе првачиња, ама реалноста на терен сосем поинаква. Од година во година бројката постојано се намалува, а главна причина е иселувањето. Во Општина Штип на пример оваа година има запишано 363 првачиња, што споредбено со претходната година е помалку за 35 деца. Но, пред три децении во штипските училишта се запишувале и по илјада ученици, а пред дваесет години оваа бројка била околу 700. ...

Прв училишен ден денеска имаа 650 првачиња во Прилеп, кои го започнуваат своето големо патување во светот на знаењето. Многу успех, среќа и радост во учењето на првачињата, на околу 6000 основци и 3000 средношколци, но и на наставниците и професорите им посака градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески. -Како локална самоуправа вложуваме во образованието. Продолжуваме со проектот за бесплатен здрав оброк за учениците од прво до трето одделение, ...