Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун. Како што информираат од Министерството за финансии на состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Светската здравствена организација и ...

Македонија четврта во светот по потрошувачка на цигари Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази загриженост за високиот степен на употреба на тутун во Македонија, нагласувајќи дека земјата е четврта во светот по потрошувачка на цигари. Според податоците од спроведените студии, речиси 45% од возрасното население користи тутун, додека последиците од оваа зависност се алармантни – околу 5.000 луѓе годишно го губат животот ...

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од ...