Во пресрет на вечерашниот дуел во ЛШ меѓу ПСВ и Наполи, синоќа полицијата во Ајндховен и тоа како си имаше работа. Имено уапсени биле околу 200 фанови на италијанскиот клуб кои го нарушувале редот и мирот во тој град. Инаку според информациите од Италија и Холандија, со ова било спречено да дојде до судир меу фановите на двата клуба, уапсени биле и неколку домашни фанови. Сите тие потоа биле однесени во полициска станица на испрашување. ...

Мрежите на Емирати мируваа речиси еден час. Резултатот беше отворен во 57. минута кога Габриел погоди за водство на Арсенал од 1-0. Останатите три гола паднаа во рок од шест минути. Мартинели во 64. минута донесе водство од 2-0, а потоа на сцена стапи Ѓокереш кој даде два погодоци за конечна победа од 4-0. Наполи влезе како благ фаворит на гостувањето кај ПСВ, но доживеа дебакл, пораз со дури шест примени гола. Мектоминеј во 31. минута донесе ...

На Наполи му се случи катастрофа во Ајндховен, откако е поразен со 6-2 од ПСВ во третото коло во Лигата на шампионите. Неверојатно второ полувреме одиграа овие два тима, откако по првиот дел беше само 2-1 за ПСВ, и тоа со пресврт. Елиф Елмас остана на клупата на италијанскиот тим, а гол серијата започна преку МекТоминеј во 31. минута. Но, со головите на Тил и Саибари холандскиот тим направи пресврт. Ман во 54. минута го однесе ПСВ и до 3-1. Убав ...