„Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила и така беше предвидено со старото законско решение. Ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето ...

Сè уште не е одлучено дали пензиите во септември законски ќе се усогласат според постојниот Закон или ќе има ново линеарно зголемување. Ова значи дека ако се сака линеарно зголемување ќе треба Собранието да интервенира во законското решение. „Во овој момент е така поставено. Додека не биде некоја промена дали ќе биде линеарно или процентуално останува процентуалното. До сега немам некои најави од страна на Министерството за социјална политика ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа” на која ги презентираше клучните приоритети и постигнатите резултати на Министерството за финансии во изминатите 12 месеци. Препорачано Министерката во своето обраќање истакна дека првата година од работењето беше посветена на стабилизација на ...