Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги разочара фановите и со нов кикс во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) дозволи да добие израмнет ривал на врвот на табелата по 24. одиграни кола во второлигашката конкуренција. „Лавовите“ на гостувањето кај Кожуф одиграа реми без голови (0-0), а целата ситуација ја искористи Башкими кој ѝ даде пет гола на Саса во Македонска Каменица (5-0) и двата тима сега имаат по 53 бода на врвот на табелата. Два ...
Лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров денеска одигра само реми 0-0 на гости во Гевгелија, а тоа го искористи Башкими кој по двата нерешени натпревари славеше над Каменица Саса денес со убедливи 0-5. Препорачано Домаќините иако се наоѓаат на 10-тата позиција по двата порази во низа сега успеаа да го запратдосегашниот лидер на табелата. На врвот на табелата сега двете екипи се изедначени со по 53 бода. Победничката серија ја продолжи Арсими ...
Како што се ближи финишот на сезоната во Втората македонска фудбалска лига, така возбудувањата стануваат се поголеми, бидејќи сега четири тима се борат за влез во најсилното натпреварување во нашата земја. Македонија Ѓорче Петров и натаму е првопласирана на табелата по 24 комплетирани рунди, но од денеска е израмнета на табелата со Башкими, тим кој го искористи последниот кикс на „лавовите“. Башкими на гостински терен ја декласираше Каменица ...