Првата ѕвезда на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да биде дел од тимот на „кралевите“ и на третиот меч од групната фаза на Светското клупско првенство кое се игра во САД. Откако имаше голем проблем со болест по доаѓањето во САД, Мбапе не можеше да им помогне на своите соиграчи на мечевите со Ал Хилал (реми) и Пачука (победа). Тој иако оздраве како што велат од мадридскиот клуб, сепак се уште не е доволно подготвен за утрешниот ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се чувствува подобро и би можел да биде во тимот на Реал Мадрид за осминафиналниот меч против Јувентус на Светското клупско првенство. Тој имаше гастронтеритис и заврши дури и во болница. Не беше дел од тимот во првата фаза од клупскиот мундијал. Сепак, сега Мбапе се чувствува многу подобро и од утре веќе треба да се врати во редовен тренажен процес. Тренерот Чаби Алонсо се надева и дека ќе може да му даде ...

Ноќва беше спуштена завесата на првиот дел од Светското клупско првенство, откако се одиграа последните два натпревари од Групата Х. Реал го победи Салцбург и ќе игра против Јувентус во Мајами на првиот ден од јули. „Лос Бланкос“ под водство на разиграниот Вини Јуниор лесно ги скротија „биковите“ на дожд и тешкиот терен во Филаделфија. Кон крајот на првото полувреме Винициус го отвори ривалот, а во третата минута од продолжението асистираше до ...