Екипата на Вардар успеа да се справи со очајните услови за игра во Струмица денеска и да стигне до уште една победа во овогодинешниот ПМФЛ шампионат. „Црвено – црните“ денеска беа поуспешни од екипата на Брера, која реално не создаде ниту една посериозна шанса на овој дуел иако играше на домашен терен. Што да се каже за овој меч, а да не се стартува со ужасната состојба на теренот на стадионот Благој истатов во Струмица. Обилните дождови ...

Вардар ја зацврсти лидерската улога на врвот на табелата во Првата лига, откако во 14.коло успеа да слави со 0-2 на гости кај АП Брера во Струмица. Тоа е 11.победа за составот на Гоце Седлоски, кој и понатаму е непоразен по 14 првенствени натпревари. По тежок терен за игра, вардарци покажаа повеќе, постигнаа два гола во второто полувреме, а пропуштија и уште неколку шанси. Во првиот дел, Едиз Спахиу ја имаше најубавата можност за водство, пред ...

Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига. Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме. Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава. Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1. Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија. ...