Економист проценува дека на површина состојбата со енергенси на Европа изгледа далеку помалку опасна од тоа што е. Без разлика што Русија го намали гасот што го испорачува, резервите на ЕУ се над 90% полни. Во корист на ЕУ оди и тоа што октомври изгледа како да ќе биде невообичаено топол, што ќе ја намали побарувачката на енергија. Декемвриските цени на европскиот гас се паднати за 33% во однос на септември и 50% во однос на летото. „Сепак ...
И покрај оптимистичкиот тон на претседателите Мишел и фон дер Лајен, лидерите на ЕУ рано изутринава постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза, јави дописничката на МИА од Брисел. Претседателите на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, околу три часот изутринава, по првиот ден од лидерскиот ЕУ состанок посветен на енергетската криза, излегоа со триумфални ...
Белгискиот премиер Александер де Кро важи за воздржан политичар и позитивно настроен кон ЕУ. Но, во пресрет на самитот на крајот на неделава од него се слушаа критички тонови. „Оваа недела е клучна за носење одлука." Вели дека се работи за тоа дали ЕУ во драматичната енергетска и економска криза поради руската војна воопшто има некакво значење: „Или ќе успееме, или ќе потфрлиме", рече тој во белгискиот парламент. И додаде дека „помина времето за ...