Елиф Елмас одново е стрелец за тимот на Торино. Тој и неговите соиграчи во моментов водат со 0:2, на гостувањето кај Монца, а нашиот интернационалец погоди за водство на гостите уште во првото полувреме. Елмас зимава дојде во Торино на позајмица од РБ Лајпциг, откако во Германија речиси и да не доби шанса да заигра. Сега, откако се врати во Италија, очигледно дека нештата се променија и тој повторно се враќа во старата добра форма. Веќе ...
Тренерот Паоло Ваноли реши стратешки да го дозира Елиф Елмас кој имаше подолга пауза како член на РБ Лајпциг, па на третиот натпревар му даде и најголема минутажа по кам-бекот во Серија А. Македонскиот репрезентативец погоди на дебито за Торино против Болоња со мајсторски гол и најави дека е желен за игра, а откако за првпат беше стартер против Милан, попладнево ја продолжи добрата серија. Елмас повторно беше во почетните 11 и одигра 90 минути ...
После првото полувреме фудбалерите на Торино имаа предност од 1:0 во рамките од 27 коло во италијанскиот шампионат на гостувањето кај Монца. Препорачано Стрелец на голот беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 41 минута по асистенцијата на Валентино Лазаро. За нашиот играч тоа е веќе втор погодок во дресот на Торино во Серија А. Првиот гол Елмас за „биковите“ го имаше пред осум дена против тимот на Болоња. Голот на Елмас против Монца ...