Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа уште во првиот круг од вчерашните локални избори, освојувајќи градоначалнички места во 32 општини низ државата. Според првичните неофицијални резултати од обработени 99,94% од гласовите, опозициската СДСМ доживеа тежок пораз, победувајќи во само три општини. Во албанскиот политички блок, коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалници, додека коалицијата НАИ предводена од ДУИ обезбеди четири. ...
Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким Бакиу од Вреди со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ (коалицијата на ДУИ) со 26.062 (12,22%). Втор изборен круг е извесен и во скопската општина општина Аеродром, каде што кандидатот Дејан Митевски од ...
Победа во 44 општини, изборите неуспешни во три Според најновите податоци од Државната изборна комисија, обработени на 99,94 отсто од избирачките места, градоначалници во првиот круг се избрани во 44 општини. ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички позиции во 32 општини, СДСМ во 3, коалицијата ВЛЕН во 5, а коалицијата НАИ во 4. Во општините Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше изборите не успеаја поради недоволна излезеност од најмалку една третина ...