Новиот Закон за енергетика ќе овозможи безбедност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија како и премин кон обновливи извори на енергија, инвестирање во зелена агенда, а со тоа и можност за посветла иднина на граѓаните, вели пратеничката Силвана Ангелевска, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“. – Донесовме комплетно нов закон, којшто е обемен, има околу 317 членови и ја регулира целокупната проблематика на енергенсите ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави значајни новини во енергетскиот сектор на Македонија. Таа истакна дека новиот Закон за енергетика, кој неодамна беше усвоен во Собранието, предвидува формирање на граѓански енергетски заедници, овозможувајќи на станбени заедници и други правни лица колективно да произведуваат електрична енергија преку инсталација на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изразува благодарност за официјалната поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница по повод усвојувањето на новиот Закон за енергетика во Собранието на Република Македонија. Оваа поддршка од европските партнери е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. Во своето соопштение, директорот на ...