Пелагониските одгледувачи на сончоглед бараат како и лани, така и годинава, поради елементарна непогода, суша, да им се одобрат дополнителни седум денари субвенција за откупен килограм. Иако годинашнава откупна цена е 24,5 денари, наспроти ланската 20,6, мало е количеството на откупен род од Пелагониските полиња. Дел од родот на сончогледот од Пелагонија заврши во Грција, бидејќи таму откупната цена била 27 денари за килограм, а па откупувачите ...

Поради сушата осетно е намален родот на сончогледот, стратешка култура од која се добива маслото за јадење. Земјоделците од Пелагонија бараат дополнителна помош од државата со по седум денари за килограм. Велат не можеме да протестираме и штрајкуваме, но кога лани добивме зошто не и годинава… Пелагониските одгледувачи на сончоглед бараат како и лани, така и годинава, поради елементарна непогода, суша, да им се одобрат дополнителни седум денари ...

Митат Исмаиловски од битолското село Будаково минатата пролет посеал 114 хектари со сончоглед. Се надевал на добар принос и заработка, оти велешки Кристал е нивниот редовен откупувач и плаќач. Но, ни најмалку не помислил дека него и неколку стотини пелагодниски одгледувачи на сончоглед, ќе ги снајде климатска катастрофа. Без дожд и драматично намален принос, овие луѓе се на работ на егзистенцијата, а културата која ја одгледуваат може да исчезне ...

Производителите на сончоглед бараат дополнителна државна поддршка поради лошата сезона. Велат дека годинава родот е преполовен поради сушата и дека со актуелните цени нема да можат да ги покријат дури ни трошоците за производство. Денеска остварија средба со раководството на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, единствениот капацитет кој откупува и преработува сончоглед во Македонија. Тие годинава го откупуваат родот за 26 денари по килограм, што ...