Генералштабот на Македонија до сега нема добиено покана да присуствува на најавениот состанок на Макрон за следната недела во Париз, со началници на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да го гарантираат идниот мир во Украина и зајакнување на одбраната на ниво на Европа. На овој состанок предвидено е да бидат донесени повеќе одлуки, меѓу кои и заедничко финансирање на набавка на авиони, тенкови на европско тло за зајакнување на ...
Македонија не планира да испраќа свои војници во Украина, како дел од евентуална воена мировна мисија, доколку таму се постигне мир. Како што брифираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), таква одлука била донесена, бидејќи како земја-членка на НАТО, Македонија не смеела да дозволи каков било безбедносен вакуум од регионална гледна точка. Како што велат од таму фокусот на земјата во следниот период ќе бил на ...
Македонија во моментов не е подготвена да учествува во евентуална мировна мисија во Украина, а за другата помош , во оружје или во опрема, се уште се прават консултации во институциите, порача денес извор од Министерството за надворешни работи. „Следи процес на подетално усогласување околу овие прашања“, дополни изворот, додавајќи дека се уште се градат ставови за актуелните прашања со земјите што не се членки на ЕУ, а се усогласени со ...