Јувентус се обидува да ги одреди контурите за својот ростер за следната сезона, а дел од најкомплицираните преговори се поврзани со играчите кои настапуваа на заем во сезоната 2024/25. Еден од нив е Рендал Коло Муани, за кого Јувентус преговара да остане уште најмалку една сезона во Торино, додека истовремено францускиот фудбалер самиот изјавува дека е задоволен од неговиот актуелен клуб и би сакал да продолжи да настапува за „бјанконерите“. ...
Англискиот премиерлигаш Челзи има желба да донесе уште еден напаѓач, и покрај тоа што веќе ги обезбеди услугите на Лијам Делап. Лондонскиот клуб испратил понуда до Пари Сен Жермен за Рандал Коло Муани, пренесува „Л’Екип“. 26-годишниот фудбалер е на позајмица во Јувентус од јануари. Бјанконерите сакаат да го задржат, но се обидуваат да ја продолжат позајмицата. Доколку ПСЖ добие понуда за директна продажба од Челзи, најверојатно ќе го преферира ...