Ракометарките на Куманово успеаја да слават со 32-31 против шампионот на Литванија, Каскада Гарлијава, но оваа победа нема да има натамошно значење бидејќи гостинките имаа капитална предност од седум голови од првиот натпревар и со тоа обезбедија пласман во следната рунда од Европскиот Куп на ЕХФ. И покрај големата желба и борбеност на домашниот состав, поразот во Литванија се покажа како непремостлива пречка. Најголема хероина на Куманово беше ...

Македонскиот женски ракомет останува со само две екипи во европските купови, шампионот Ѓорче Петров, кој ќе стартува директно во второто коло, како и Металург Автокоманда, екипа која со 15 гола разлика славеше во првото коло од Европскиот куп. Вечерва елиминации доживеаја екипите на Куманово и Чаир, со што за нив настапот заврши уште во првото коло од Европскиот куп. Кумановски го победија составот на Гарлиава од Литванија со 32-31 во реваншот ...