Пред нас е последниот календарски грен слем, Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски Држави или попознато како Ју-Ес Опен кое ќе се одржи во Њујорк во периодот од 24 август до 7 септември. Тениските фанови очекуваат да биде интересно, возбудливо, неизвесно, но ако се суди по формата има два главни фаворити за пехарот и тоа се Јаник Синер и Карлос Алкарас. Останува дилема, прашалник во каков ритам е Новак Ѓоковиќ, големиот грен ...

Некогашниот тенисер и брат на славниот Џон, Патрик Мекинро, изјави дека очекува титулата на Отвореното првенство на САД да ја освои некој американски тенисер. Главен фаворит е Јаник Синер кој има серија од 21 победи по ред на гренслемите кои се играат на тврда подлога, а после него најголеми шанси им се даваат на Карлос Алкарас кој победи неодамна во Синсинати, а на САД опен има една титула, и Новак Ѓоковиќ кој има четири титули во Њујорк. Во ...