Нелегално набавениот канабис и тоа од непознато потекло, е најкористената дрога во Македонија, а голем дел од корисниците признале дека седнале зад воланот непосредно по конзумирањето, покажува Европското Веб истражување за дроги во соработка со Институтот за јавно здравје. Дроги се конзумираат по клубови, барови и забави низ земјава, токму желбата за бурен ноќен живот и потребата од дополнителен стимул да се биде друштвен во опкружувањето, ги ...
Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, а потоа следат бензодиазепините, производите со CBD/ниско THC и кокаинот, покажува Европското веб истражување за дроги 2024 во Македонија кое го објави Институтот за јавно здравје. Во истражувањето учествувале 862 испитаници, при што 53,3% се идентификувале како мажи и 45,6% како жени. Најзастапени возрасни групи биле 35-44 години (34%) и 25-34 години (29,9%), додека помладите лица (18-24 ...